Немаат проблеми само „граѓаните“, УЕФА му се заканува и на Милан!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер сити не би требало да биде единствениот голем клуб, кој ќе се соочи со казна од УЕФА.

Наводно, нешто слично му се заканува и на Милан против кого е почната истрага поради кршењето на Финансискиот фер-плеј од 2014 до 2017 година.

Сепак, за разлика од Сити на кој му се заканува исфрлување од Лигата на шампиони (ЛШ) за наредната сезона, Милан ќе треба да се соочи со висока парична казна.

Ако се потврди дека Милан во споменатиот период правел нешто што не е во рамки на правилата, УЕФА сигурно ќе ги казни „росонерите“.

Милан сезонава игра солидно во Серија А, па во моментов е на четврта позиција и има шанса по долго време да се врати во ЛШ наредната сезона.