Немаше добиено повик од репрезентацијата: Еве што се крие зад целата приказна


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез не го повика Наинголан на претходниот собир на репрезентацијата.

    Ѕвездата на Рома не играше во тимот, а во медиумите се појавија шпекулации дека тие двајца не се сложуваат и дека селекторот на овој начин го казнил фудбалерот.

    Денес Мартинез одлучи да прозбори во врска со овој случај и ги демантираше приказните на медиумите.

    „Не е вистина дека имаме проблеми. Наинголан е одличен играч, минатиот пат не беше повикан, но ќе гледаме на 10-ти декември против Милан.“

    „Ова нека биде предупредување за него и добро би било да научи нешто од тоа. Треба да се бори за своето место во тимот.“