Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Четири натпревари на Светското првенство, 360 минути на теренот, од тоа 14 минути на тревата. Погодувате, станува збор за Нејмар кој се повеќе ги лути противничките фудбалери со неговите изразити актерски квалитети.
Нејмар несомнено е еден од најдобрите фудбалери на светот, но на овој Мундијал покажа дека слободно може да биде номиниран и за најпрестижната филмска награда, Оскар.
Педантните експерти пресметаа дека Нејмар лежејќи на теренот поминал дури 13 минути и 50 секунди, дури три пати повеќе од било кој друг играч на првенството во Русија.
Некои удари навистина беа силни, но некои беа и смешни, па со право Нејмар е главна тема на сеирџиите на социјалните мрежи.