Низ јавноста излезе фотографија од новиот дрес на Барселона, фановите во шок (фото)


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


На социјалните мрежи протекоа фотографии од новиот дрес кој во следната сезона ќе треба да го носат фудбалерите на Барселона.

За да се обележи 20 годишнината од партнерството помеѓу Најк и Барселона, бил креиран специјален дрес, кој би требало да го носат фудбалерите на овој клуб следната сезона.

Колку што може да се забележи по првите коментари, навивачите на Каталонците воопшто не се задоволни со шарениот дрес кој излезе во јавноста.

Дресот инаку содржи елементи од сите дресови на Барселона од 1998 до денес, а колку дизајнерите биле успешни во својата работа, може да се уверите сами.