Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ники Хејден повеќе не е со нас.
Последните пет дена траеше најважната борба за животот на Ники во која за жал не победи. Сите сакавме во тој момент да победи затоа што тоа ќе беше неговото најголемо достигнување.
Се бореше, но неговиот противник беше посилен од Валентино Роси, Дани Педроса, Марко Меландри и Лорис Капироси заедно. Намерно се споменати тие четворица бидејќи тие му беа главните ривали во текот на сезоната во која се запиша во легендите во МОТО ГП.
Ники за прв пат победи во кралската класа во 2005-та година на Лагуна Сека која тогаш се врати во календарот. На тој 10-ти јули се се промени. Никој тогаш не помисли дека тој може да ја прекине доминацијата на Докторот, но тоа се случи.
Докторот имаше пет победи, а Ники две, една на Лагуна и во Асен бидејќи Едвардс направи грешка во последниот круг. Најважни се оние трки кога не оди како што си замислил, но даваш се од себе и подобар си од главните конкуренти. Така беше со Ники.
Колку ја сакаше титулата видовме во Есторил кога од стазата го исфрли Педроса, негов тогаш клупски колега. Ники не можеше да ги скрие солзите, но за среќа две недели подоцна тие солзи се претворија во солзи радосници. На крајот на сезоната стигна на втората позиција во генералниот пласман со 12 бода помалку од Роси, но беше решено со излетувањето од патеката на италијанецот на почетокот на трката.
Третото место му беше повеќе и од доволно на Хејден. Од 2003-та до 2015-та година возеше за Репсол Хонда, Дукати и Аспар и имаше 218 старта, три победи, 28 подиуми и 5 пол позиции. И повеќе од доволно неговото име да остане со златни зборови запишано во историјата на МОТО ГП. Од заминување од кралската класа до смртта возеше за Хонда во Супербајк.
Кентаки кид беше голем човек. Една од причините е кога освои БМВ во 2006-та година, го продаде и парите ги раздели на луѓето од тимот. Тој возеше на патеката, но знаеше дека голема заслуга за неговата титулата имаат и сите оние кои се зад сцената.
Ники Хејден ќе се памети по тоа што беше насмеан и посебен. И неговиот прекар од Кентаки многу не го разбираа. Неговата победа на Лагуна Сека, солзите радосници во Валенсија кога во едната рака го носеше знамето, а со другата го контролираше шампионскиот мотор. И посебно неговиот одговор зошто го избра бројот 69 – затоа што се гледа истото и кога моторот е превртен наопаку. Заслужи луѓето да го паметат.