„Никогаш не се плашев да ја превземам Англија“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Актуелниот селектор на Англија, Герет Саутгејт изјави дека никогаш не се плашел да ја превзема таа позиција.

    Саутгејт требаше да го замени Рој Хоџсон по ЕП 2016, но тогаш во возбудливиот избор на одлуката падна на Сем Алардајс. Но, тој по аферата која го погоди англискиот фудбал поднесе оставка, а неговото место го превзема Саутгејт.

    „Не се плашев кога ја превземав оваа работа. Најлесно е да се најдат лоши работи во секое поле, но ова е работа која ја сакам. Нема ништо поубаво од работа со најдобрите фудбалери на светот. Тој повик јас самиот го одбрав.“

    „Едноставно мора да ја прифатите работата. Да бидам искрен, претходно гледав и луѓе кои не ја подготвуваа доволно нашата репрезентација, а очекувањта беа големи. Се надевам дека нема да бидам еден помеѓу нив.“

    По 4 натпревари во квалификациите, Англија има 3 победи и едно реми со Словенија. Тоа е резултат кој ја задоволи јавноста во Англија, па веќе се зборува за нов договор кој би морал да го добие Саутгејт.