„Никогаш нема да бидам како Тери, тој е единствен капитен!“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Еден Азар стана нов капитен на репрезентацијата на Белгија откако Винсент Компани ја напушти репрезентацијата.

    Поради тоа, новинарите го прашаа и за сличната ситуација во Челси, бидејќи делува дека тој ќе биде замената за Џон Тери.

    Сепак, Азар го пофали својот тимски пријател, па изјави дека никогаш нема да биде капитен на таков начин на кој што бил Тери.

    „Тери сеуште е тука, не сакам да се поставувам во слична ситуација додека тој е тука. Кога тој ќе замине, не знам што ќе биде, но во едно сум сигурен. Никогаш не би можел да бидам капитен каков што беше тој. Ретки се фудбалерите како Џон Тери. Тој беше вистински лидер, се бореше во секоја секунда на теренот, а тоа никогаш не ја одликуваше мојата игра.“

    Да потсетиме, Еден Азар е повторно тој „стариот“ бидејќи повторно игра одлично во ПЛ. Постигна 4 голови во последните 5 натпревари и неговиот Челси е на 2-ро место со 1 бод помалку од Ливерпул.