Николов одигра 90. минути во ремито на Мол Види против Челси, сензација во Истанбул


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва на програмата беа финалните натпревари од шестото коло во групите Г, Х, И, Ј, К, Л по кои беа познати 12 учесници во нокаут фазата од Лига Европа.

Изненадување во шестото коло приреди Малме кој на гостински терен со 1:0 го совлада Бешикташ во директниот дуел за нокаут фазата.

Мол Види пак, ремизираше со тимот на Челси играјќи 2:2, резултат кој на крајот не беше доволен Унгарците да обезбедат пласман понатака. Целиот меч за Види го одигра нашиот репрезентативец, Бобан Николов.

Акишар- Стандард 0:0

Бешикташ- Малме 0:1

Динамо Киев- Јаблонец 0:1

Генк- Сарпсборг 4:0

Лацио- Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Марсеј- Аполон 1:3

Мол Види- Челси 2:2

ПАОК- БАТЕ 1:3

Рапид Виена- Ренџерс 1:0

Рен- Астана 2:0

Севилја- Красондар 3:0

Вилјареал- Спартак 2:0