Нисколигаш во проблеми: Ни го украдоа тракторот, ве молиме за помош! (ФОТО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Можеби не играат премногу квалитетен фудбал, но тоа што се случува на и надвор од терените привлекува големо внимание, а интересна ситуацијата се случила на англиски Салфорд сити.

На нив пред неколку дена им бил украден трактор, со кој го одржувале теренот, па помош побарале преку социјалните мрежи.

„За жал, во текот на викендот ни го украдоа тракторот. Ако има некој повеќе информации, ве молиме да ни помогнете“, напишаа на официјалниот Твитер профил.

За помош замоли и легендарниот Гери Невил. Тој има дел од акциите на тимот заедно со поранешни колеги од Манчестер јунајтед и бизнисменот Питер Лим.