Ниту двете победи не помогнаа: Македонија „заглави“ на 68 позиција на ФИФА-листата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација не напредуваше и покрај тоа што постигна две победи, па во моментот остануваме на 68 место на ФИФА ранг-листата.

Македонија беше подобра од Лихтенштајн и Гибралтар, а следен противник ќе ни биде Косово во плејофот од Лигата на нации.

На врвот на ФИФА е Белгија, а зад неа сеа Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска во топ 10.

Наредното рангирање на репрезентациите ќе биде на 20 декември.