Ниту Реал, ниту Барселона: Англичаните плаќаат 350 милиони за Нејмар!?


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


Постојано се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата ѕвездата на ПСЖ, Нејмар, а многумина веруваат дека ќе си замине уште летово од Париз, а како заинтересирани клубови се споменуваа Барселона и Реал Мадрид. Но, сепак се вклучи и трет тим во конкуренцијата.

„Дон Балон“ пишува дека Нејмар се наоѓа во преговори со „кралевите“, но и со Манчестер јунајтед. А, шпекулациите за преселба во Англија ги „загреа“ неговата изјава и желба да игра во Премиерлигата.

Нејмар, наводно, сериозно рамислува да го облече дресот на „црвените ѓаволи“ и за тоа ја известл управата на „кралевите“, кои сакаат да тргнат по неговиот потпис.

Нејмар беше платен 220 милиони евра на Каталонците, па ПСЖ сигурно нема да се согласи на помала сума, а се шпекулира дека „ѓаволите“ би можеле да платат дури 350 милиони евра за неговиот потпис.