Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон сепак нема да се борат за привремениот појас во лесна категорија. Тоа го потврди претседателот на УФЦ, Ден Вајт.
„Се обидувавме да ја договориме таа борба. Тони рече дека нема да се бори ако не добие исто пари колку и Кабиб. Со Кабиб имаме поинаков договор, па така ова нема да се случи. Оваа борба нема да се случи.“
Вајт изјави дека му нудел на Нурмагомедов борба со Хозе Алдо, но дека тој одбил.
„Алдо го бараше Кабиб, бидејќи изгледаше како вистински човек во таа категрија. Сакаше да се бори со него. Мене ми се допадна таа борба, Кабиб и Алдо, тоа би било забавно.“