Нова трагедија: Десет загинати во тренинг-центарот на Фламенго (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет, откако изгоре тренинг-центар во Бразил, а најверојатно меѓу настраданите има и млади фудбалери на Фламенго.

Десет лица загинаа, а тројца се тешко повредени во пожарот, во кој во утринските часови го зафати тренинг-центарот на Фламенго.

Една од зградите, која припаѓа на академијата на клубот беше уништена во пожарот, а првите информации се дека не е познат идентитетот на жртвите.

Меѓутоа, според бразилските медиуми во објектот биле сместени млади фудбалери на возраст од 14 до 17 години и се верува дека тие се настраданите во пожарот.

По оваа голема трагедија се огласи и поранешниот фудбалер на Фламенго, а сега на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

„Тажни вести. Се молиме за сите. Бидете силни“, напиша Жуниор.