Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Експлозијата на бомбата во близина на автобусот пред дуелот со Монако во ¼-финалето од ЛШ, го потресе фудбалскиот свет.
Во нападот на автобусот кој ги пренесуваше играчите на Дортмунд од хотелот кон стадионот, повреден е шпанскиот фудбалер Бартра. Тој го скрши зглобот на раката и доби исеченица од стакло.
Меѓутоа, Бартра не е единствен повреден во експлозијата. Германските медиуми добија потврда дека полицаецот кој возел мотор пред автобусот исто така е повреден, но не е ништо сериозно.
Како што беше соопштено, припадник на полицијата е во голем шок по експлозијата. Не е во можност да работи и ќе му биде потребен одреден временски период за оздравување.
Натпреварот вчера беше одложен и ќе се игра денес од 18:45.