„Новиот Балотели“ има 16 години: Дали ќе дебитира денеска за Јувентус?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Навивачите се восхитени, Алегри го вметна во екипата, а ќе видиме дали ќе му даде шанса…

    Детето е одлично, има 16 години, се вика Моиз Кин. Во Италија го прогласија за новиот Балотели.

    Тренер му е Раиола, а Јуве се плаши дека би можел да го земе од клубот кога ќе наполни 18 години, сериозно сметаат на него, па Алегри го повика за натпреварот против Удинезе.

    Во идеално сценарио, Јуве би можел да обезбеди победа рано, а потоа да му даде шанса на Кин и Игуаин, кои ќе седат на клупата, бидејќи натпреварот ќе го започне Манџукиќ.

    А колку навистина е добар Кин?

    Тој играше за тимот до 17 години минатата сезона кога имаше 15 години, а постигна 21 гол во 10 натпревари.

    Потоа оваа сезона играше за тимот до 19 години. Тој во 5 натпревари постигна 5 голови.

    Раиола сака неговиот играч да потпише договор со Јуве, но да го испратат потоа на позајмица во Холандија или Белгија за да има поголема минутажа.

    Детето е Италијанец, со потекло од Брегот на Слонова коска. Вели дека не ги брои головите, но и дека е страшно тоа што игра со постари од себе.

    „Тие се поголеми, јас имам брзина, ништо не е чудно.“

    Го сака Балотели, но како играч.

    „Прави премногу глупости, но ако го оставиме тоа на страна, тој е одличен играч.“

    Сите сакаат да го промовираат како наследник на Маркизио, единствениот играч кој потекнува од школата на Јуве, а е во сегашниот тим.

    Во секој случај Кин би можел утре да дебитира.