Обамејанг: Микитаријан ме убеди да потпишам за Арсенал


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пјер Емерик Обамејанг истакна дека Хенрик Микитаријан имал одлучувачка улога за неговата одлука да се пресели во Арсенал.

„Топчиите“ го донесоа Габонецот за клупски рекордна сума во последниот ден од преодниот рок. Обамејанг призна дека неколку телефонски разговори со Микитаријан го убедиле да се пресели во северен Лондон.

„Ми се јави неколку пати за да ме праша дали доаѓам или не. Јас го прашував дали тој веќе потпишал или не. Мики ми кажа дека се е готово, и секако тоа беше голем фактор што јас пристигнав овде. Тоа е како повторно да си споен со братот, другарот. Игравме заедно во минатото и многу сум среќен што го гледам повторно“- коментираше Обамејанг.

Обамејанг имаше одлично деби за Арсенал на кое постигна погодок против Евертон, а Микитаријан пак го играше вториот натпревар за „топчиите“ и успеа да запише три асистенции.