Обложувалниците го отпишаа Сари: Управата на Челси го сведе списокот наследници на само две имиња!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурисио Сари е првиот кандидат за смена, барем така велат обложувалниците во Англија. Италијанецот би можел да ја загуби работата, иако не во текот на паузата, како што се претпоставуваше ако биде елиминиран од Лига Европа, но и ако не успее да се пласира во Лигата на шампионите.

Откако од играта беше елиминиран Зидан и бидејќи Челси е соочен со забрана за купување играчи, мали се шансите да пристигне Алегри кој се споменуваше како мета.

Изгледа дека списокот е сведен на две имиња, едното е Нуно Еспирито Санто од Вулверхемптон кој работи одлично, но има ги има зад себе и Мендеш кој интересно му беше прв клиент.

Некогашниот тренер на Порто и Валенсија би можел да добие шанса во Челси, кој, ако замине Азар ќе биде послаб од изминатата сезона, иако веќе го купија Пулишиќ од Дортмунд.

Второто име е Лампард што би наишло на еуфорија меѓу навивачите, но неговата сезона во Дерби не е импресивна иако легендата на Челси секако е човек од доверба на Роман Абрамович и лесно би можел да ја добие шансата од соништата.