Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кој е најголема закана за Голден Стејт Вориорс сезонава? Како тоа на Запад има 11 тима кои се борат за плејоф а во Источната конференција не се знае дали и петтиот тим ќе заврши со позитивен скор во регуларната сезона. Одговор на овие и многу други прашања сепак немаме. Но имаме мала помош од ESPN во тоа што тие вчера ја објавија листата со проектирани победи за сите 30 НБА тимови.
На врвот е непроменето, исто како и лани. Голден Стејт Вориорс влегува во сезоната како шампион и најголем конкурент за првото место на западот. На Исток пак, Бостон е фаворит со минимална разлика во проекциите.
Листата е следнава:
ЗАПАД:
- Голден Стејт Вориорс – 62.1
- Хјустон Рокетс – 55.0
- Сан Антонио Спарс – 52.6
- Минесота Тимбервулвс – 50.1
- Оклахома Сити Тандер – 49.5
- Лос Анџелес Клиперс – 48.9
- Денвер Нагетс – 47.2
- Јута Џез – 44.7
- Њу Орлеанс Пеликанс – 44.2
- Портланд Трејлблејзерс – 43.8
- Далас Маверикс – 34.6
- Мемфис Гризлис – 34.6
- Лос Анџелес Лејкерс – 33.0
- Феникс Санс – 30.3
- Сакраменто Кингс – 27.4
ИСТОК:
- Бостон Селтикс – 49.4
- Кливленд Кавалирс – 49.2
- Вашингтон Визардс – 47.5
- Милвоки Бакс – 46.9
- Шарлот Хорнетс – 44.1
- Торонто Репторс – 43.4
- Мајами Хит – 42.3
- Детроит Пистонс – 35.1
- Филаделфија Сиксерс – 33.2
- Орландо Меџик – 32.2
- Индијана Пејсерс – 32.0
- Њу Јорк Никс – 32.0
- Бруклин Нетс – 29.5
- Чикаго Булс – 28.5
- Атланта Хокс – 27.0
Според анализите на ESPN може да се увиди дека сезонава во Западната конференција ќе биде пеколно тешко да се најде место во плејофот. Источната конференција пак, не е толку компетитивна и им се даваат реални шанси за освојување на врвот на само 4 екипи.
Проектираните победи во никој случај не се реален показател за сезоната која е пред нас, но можат да ни понудат добра статистика према која ќе ги базираме очекувањата за 30-те тимови.