Од Рома негираат контакт со Балотели

Спортскиот директор на Рома, Мончи ги демантираше шпекулациите кои го поврзуваа клубот со трансфер на Марио Балотели.

Агентот на 27 годишниот фудбалер, Мино Раиола истакна дека Рома веќе го контактирала и дека е еден од посериозните тимови кои се заинтересирани за Балотели.

Сепак, тоа го демантираше Мончи, а неговиот демант го пренесе италијанскиот медиум, Кориере дело Спорт.

Балотели е слободен агент и ова лето ќе може да се пресели во некој тим без оштета.