Од старт до крај - Маверик Вињалес доминантно во Велика Британија

На денешната трка на ГН на Велика Британија на патеката Силверстоун, возачот на Сузуки, Маверик Вињалес го освои првото место.

Уште на стартот се случи инцидент. Лорис Баз и Пол Еспаргаро се судрија и беше покажано црвено знаме по кое беше рестартирана трката. На рестартот Маверик Вињалес стартуваше доминантно и до крајот ја задржа големата предност и славеше во Велика Британија. За второто место имаше епска борба помеѓу Роси, Крачло, Маркез и Јаноне. Роси беше втор, па во еден момент Јаноне се најде на втората позиција и падна. Останаа во борба Маркез и Крачло. Маркез згреши, излета од патеката и се врати на петата позиција, го помина клупскиот колега Дани Педроса и заврши на четвртата позиција. Крачло заврши втор, а Валентино Роси трет. Актуелниот шампион, Хорхе Лоренцо заврши на осмата позиција. Трката уште не ја заврши Штефан Брадл.