Откриени нови детали за здравствената состојба на Фергусон


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се разбудил од кома по операцијата, откако имаше мозочен удар.

Англиските медиуми пишуваат дека здравствената состојба му е критична, но и покрај тоа Фергусон седел и разговарал со своето семејство.

Стратегот во петокот беше примен во „Салфорд ројал“ болницата, а поради крварење во мозокот, веднаш бил опериран.

Алекс Фергусон помина 27 години на „Олд Трафорд“ и освои 13 титули во Премиерлигата, две во Лигата на шампиони, односно има освоено вкупно 38 трофеи.