Официјално: Барселона објави дека Маскерано заминува, 14ката добива нов сопственик


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Барселона штотуку потврдија дека Хавиер Маскерано ќе си замине од „Ноу Камп“ по седум и пол сезони во Каталонија.

Аргентинецот ќе добие пригодно опростување од клубот во текот на утрешниот ден на кое ќе присуствува и претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу и целиот прв тим.

Играчот од средниот ред кој еднакво добро се снаоѓаше и во одбраната во Барселона пристигна од Ливерпул во август 2010 година и од тогаш одигра 334 официјални натпревари и освои 18 титули.

Негова следна дестинација ќе биде Кина, а неговата „14ка“ ќе оди на грбот на новото засилување, Фелипе Кутињо.