Официјално: Голден Стејт потпиша нов договор со тренерот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шампионите не го менуваат тренер. Стив Кер го продолжи договорот со Голден Стејт.

Кер со Голден Стејт во 2014. година потпиша петгодишен договор, а од тогаш играше во четири финалиња и само во едно загубија.

Не е познато на колку години е продолжен договорот, поради политиката на клубот, ниту колку ќе заработува стратегот. Сепак, претходно „ЕСПН“ пренесе информација дека Кер ќе стане најплатен тренер кога ќе стави потпис.

„Задоволни сме што Стив го продолжи договорот и што ќе го предводи нашиот тим уште неколку години. Имавме среќа да освоиме три титули во четири сезони. Тој е одличен тренер, а исто така и добар човек“, вели генералниот менаџер на екипата, Боб Мејерс.