Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот шампион Вардар го ангажираше репрезентативецот на Германија, Кристијан Дисингер.
Дисингер пристигна во Скопје, каде што ќе ги помине медицинските прегледи и ќе се приклучи на тимот.
Германецот игра како лев бек и потпиша договор на две години со црвено-црните.
Пред неколку дена Германецот го раскина договорот со Кил, каде што играше во последните неколку години.
Инаку, Дисингер во својата кариера има настапувано за Кадетен, Нептуно, Либек, Фреизенхајм и Кил.