ОФИЦИЈАЛНО: Кајри Ирвинг е нов играч на Бостон Селтикс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

Овојпат е сигурно, Кајри Ирвинг е нов играч на Бостон Селтикс откако доцна синоќа тимовите на Кливленд Кавалирс и Бостон Селтикс кончено успеаа да се договорат за трејд на одличниот плејмејкер.

 

Трејдот изгледа вака:

Кливленд Кавалирс добиваат: Ајзеа Томас, Џеј Краудер, Анте Жижиќ, прва рунда пик од 2018 и втора рунда пик од 2020 година.

Бостон Селтикс добиваат: Кајри Ирвинг.

Кајри Ирвинг беше многу блиску до трејд во Бостон и пред една недела, но тогаш Кливленд го откажаа трејдот поради физичката состојба на Ајзеа Томас, кој не беше во можност да ги помине медицинските прегледи. Оттогаш, Селтикси ја засилија понудата за уште еден пик од втора рунда и стигна до официјализирање на трејдот.

 

Ирвинг беше незадоволен од третманот кој го добиваше во Кливленд и затоа бараше да биде трејдуван уште од почеток на летово.