Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Работнички, 23-годишниот Кире Маркоски, си договори трансфер во кипарски АЕЛ Лимасол, кадешто потпиша договор на две години, со опција да го продолжи истиот на уште две сезони.
Маркоски во кариерата досега има играно само за Работнички, а во минатата сезона на 30 одиграни натпревари постигна 11 голови и пет асистенции во македонската Прва лига.
Инаку, ова е прво искуство во странство за младиот фудбалер, кој ќе игра заедно со уште еден македонски интернационалец, Давор Здравковски.















