Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По катастрофалниот старт на сезоната од редовите на Кристал Палас се одлучија да му врачат отказ на досегашниот тренер Франк де Бур.
Холанѓанецот на „Селхрст парк“ дојде како тренерско име кое долгорочно треба да се задржи во клубот, меѓутоа не издржа на кормилото на Кристал Палас ни три месеци.
„Кристал Палас утрово се раздели со Франк де Бур. Сакаме да му се заблагодариме на Франк за неговата посветеност и напорна работа за време на неговиот престој во клубот. Нов менаџер ќе биде назначен наскоро“– гласеше во дел од соопштението испратено од Кристал Палас преку нивниот официјален веб сајт.
Наследник на Франк де Бур ќе биде Рој Хоџсон кој ќе биде претставен како нов тренер во следните 24 часа.