Официјално: Манчестер Сити донесе нов дефанзивец


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Манчестер Сити денеска  потврди дека го комплетирале трансферот на холандскиот играч од одбраната, Филипе Сандлер.

21 годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Ајакс и има неколку настапи за у20 репрезентацијата на Холандија на „Етихад“ пристигнува од редовите на Цволе.

Сандлер игра како стопер, а може да покрие и на позицијата последен играч за врска, а во Манчестер Сити доаѓа за сума од три милиони фунти.