Официјално: Маријано Дијаз ќе биде новата „седмица“ на Реал Мадрид! (ФОТО+ВИДЕО)


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Моментот кој многумина го очекуваа, а тоа е добивање на нова „седмица“ во Реал Мадрид, се случи денеска. Сепак, нема сите да бидат задоволни со изборот на претседателот Флорентино Перез бидејќи тој дрес ќе го носи новото засилување Маријано Дијаз.

Навивачите очекуваа големо засилување во нападот, кое требаше да го замени Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус за 112 милиони евра, но тоа не се случи.

Во Мадрид пристигна Дијаз од Лион и тој ќе биде новата „седмица“ на клубот, па ќе има голем товар во новата сезона.