До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Жозе Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и ќе остане на „Олд Трафорд“ до 2020 година, а ќе има можност да остане и уште една дополнителна година.
Мурињо е првиот тренер во историјата на Манчестер Јунајтед кој освоил трофеј во неговата прва сезона. Манчестер Јунајтед во февруари го освои ЕФЛ Купот, а подоцна за прв пат во историјата ја освои и Лигата на Европа.
„ Почестен сум и горд што сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Сакам да испратам голема благодарност до сопствениците и господинот Вудвард затоа што ја препознаа мојата работа и посветеност. Презадоволен сум што тие тоа го почувствуваа и веруваа во тоа дека јас сум вистинскиот менаџер за овој голем клуб во догледна иднина.
Имаме поставено високи стандарди- освојувајќи три трофеи во една сезона, но ова се стандарди кои јас ги очекувам од моите тимови и стремам кон истите. Создаваме услови за феноменална и успешна иднина за Манчестер Јунајтед“- коментираше Мурињо по потпишувањето на договорот.
Со ова се става крај на шпекулациите кои го поврзуваа Португалецот со премин во редовите на Пари Сен Жермен.















