Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дисциплинската комисија при УЕФА го суспендираше Серхио Рамос на два натпревари од Лигата на шампионите поради намерното добивање жолт картон во првиот натпревар од осминафиналето од најелитното европско натпреварување против Ајакс.
Рамос требаше да паузира само на реваншот во Мадрид помеѓу двата тима, но сега ќе го пропушти и првиот натпревар од четвртфиналето ако Реал Мадрид се пласира во следната фаза.
Во соопштението кое го лиферуваше УЕФА се наведува дека Рамос по натпреварот сам признал дека намерно добил жолт картон за да избегне казна во понатамошниот дел од натпреварувањето.
Тоа не помина неказнето, па сега капитенот на „Кралскиот клуб“ ќе мора да оди два меча на ладење.