Официјално: Потврдено дека ѕвездата на Арсенал ќе си замине од клубот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Арон Рамзи ќе си замине од Арсенал по крајот на оваа сезона кога му истекува актуелниот договор со клубот.

Тоа го потврди и неговиот агент на Твитер објавувајќи неколку статуси кои подоцна ги избриша.

Од агенцијата која го претставува Рамзи, Авид Спортс енд Ентртејнмент Груп, на Твитер во дискусија со фан на Арсенал открија дека играчот нема да го продолжи договорот со Арсенал.

„Нема што можеме да направиме, клубот донесе одлука. Животот продолжува. Тој не сакаше да замине, но сега нема друга опција“- напишаа од неговата агенција.