Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо официјално ја заврши кариерата на 37 години.
Бразилецот ја донесе таа одлука, иако од 2015 година не настапуваше во ниту еден клуб, а ја соопшти неговиот брат Роберто Асис.
Тој имаше богата кариера, а настапуваше за Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.
Најголем успех во кариерата имаше во 2006 година, кога со Барселона ја освои титулата за шампион во Европа додека со Бразил во 2002 стана светски шампион.
Исто така тој ја освои „Златната топка“ во 2005 година.








