До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од Манчестер Јунајтед ја искористија можноста која ја имаа во претходниот договор со Ешли Јанг и се одлучија да го продолжат неговиот договор на дополнителна една сезона.
Јанг игра одлично оваа сезона и е прв избор на Мурињо за левата бековска позиција. Добрите партии во дресот на Манчестер Јунајтед му обезбедија на Јанг и место во репрезентацијата на Англија каде не играше во последните неколку години. Многу е веројатно дека Јанг ќе биде во составот на „Гордиот Албион“ и за Мундијалот во Русија ова лето.
Инаку актуелниот договор на 32 годишниот фудбалер со Манчестер Јунајтед му истекуваше ова лето.















