Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Палермо направи уште еден голем кикс откако денеска пред своите гледачи не успеа да слави победа против тимот на Чезена и одигра реми без голови.
Палермо имаше голема шанса во 39. минута за да постигне погодок, но Коронадо не успеа да реализира удар од белата точка и биеше високо над голот.
Македонските репрезентативци го почнаа натпреварот од клупата за резервни фудбалери. Најпрво Трајковски влезе во игра во 75. минута, за на пет минути до крајот шанса да добие и Несторовски кој се врати по повредата која го оддалечи од терените околу еден месец.
Трајковски имаше шанса на десетина минути до крајот на средбата, но неговиот удар го одбрани противничкиот голман.
Директниот противник на Палермо за втората позиција, Фросиноне славеше победа на гостувањето кај Виртус Ентела и сега е во пол позиција за пласман во Серија А.
Палермо со денешното реми падна на четвртата позиција на табелата затоа што Парма славеше минимална победа против Бари од 1:0.