Панатинаикос и Лоџески пред официјален договор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


 

Американецот со белгиски пасош, Мет Лоџески, летово го напушти тимот на Олимпијакос а како следна дестинација се спомнува нивниот ривал Панатинаикос.

 

Иако претходно “флертуваше” со Барселона, деновиве Панатинаикос ги појачаа преговорите со Лоџески и тој е пред потпис на едногодишен договор со грчкиот тим. Единствено што го оддолжува официјализирањето е тоа што Панатинаикос сака да вклучи клаузула во договорот со која ќе се осигура дека повредата со која Лоџески ја заврши сезоната нема да му пречи да ја извршува работата.

 

Доколку Мет Лоџески потпише со Панатинаикос тој ќе биде седмиот странски играч во составот. Тоа нема да претставува проблем за настапите во ЕвроЛига ама во домашната лига еден од тие седум играчи нема да има право на настап.