Паника во Португалија: Ќе загубиме ако Роналдо игра сам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вечерва во Сочи се игра натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај во осминафиналето на Мундијалот во Русија.

Фаворит за пласман во четвртфиналето е тешко да се одреди бидејќи двете селекции имаат страшни состави.

Иако е јасно дека Кристијано Роналдо е главна ѕвезда на Португалија, селекторот Фернандо Сантос е свесен дека не смее целата екипа да се потпре на ѕвездата на Реал Мадрид.

„Потребно е да игра цела екипа. Ќе изгубиме ако Роналдо игра сам. Мораме да бидеме силна екипа, како што е Уругвај. Тешко е да очекуваш победа од еден играч. Дури и да постигнете три гола, потребна ви е поддршка од целата екипа“, кажа Сантос.

Натпреварот помеѓу Португалија и Уругвај почнува во 20 часот.