Паулињо претставен во Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од Барселона пред неколку дена објавија дека е постигнат договор со Гвангжу за транфер на Паулињо вреден 40 милиони евра.

Бразилскиот интернационалец сега и официјално е нов фудбалер на Каталонскиот клуб откако утрово ги помина и неопходните медицински прегледи.

Веднаш по прегледите следеше презентација на Паулињо на која присуствуваше и претседателот на Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу.

„Ова е специјален момент за мене. Почестен сум и упатувам голема благодарност до сите за нивните напори да ме донесат во Барселона“- коментираше Паулињо.

Бразилскиот репрезентативец во дресот на Барса ќе го носи дресот со број 15.