Пеп Гвардиола со експресен одговор по најавите дека Сити планирал да ја плати клаузулата за Меси


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Откако денеска во јавност излезе шпекулација која говореше дека Манчестер Сити се обидел да ја исплати клаузулата од 250 милиони фунти за да го донесе Меси во своите редови, со коментар се јави и тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Гвардиола помина четири сезони во Барселона каде му беше тренер на Меси и каде заедно освоија три шампионски титули во Ла Лига, и две во Лигата на шампионите.

„Од кога  заминав од Барселона и заминав во Баерн Минхен, а сега во Манчестер Сити, ниту еднаш не сум побарал Меси да дојде во мојот тим. Никогаш не му пристапувам на клубовите и не им викам дека го сакам нивниот играч. Никогаш. Затоа што знам колку е важен за Барселона. Никогаш нема да го направам првиот чекор и да речам го сакам овој играч“- коментираше Гвардиола.