До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Сити се поразени во 7 коло од Премеир лигата на гостување од Тотенхем со резултат 2:0.
Спарси одиграа фантастичен меч и на крајот сосема заслужено стигнаа до три бода, и така го нанесоа првиот пораз на екипата на Пеп Гвардиола.
Поведоа домаќините во деветтата минута. Александар Коларов го матираше сопствениот голман за предност на Спарси од 1:0.
До нов гол Тотенхем стигна во 37 минута.
Овој пат Клаудио Браво беше немоќен после ударот на Деле Али, кој го постави конечниот резултат од 2:0 на полувреме.
Продолжението не донесе голови. Голема шанса Тотемхем имаше во 65 минута, но Браво го одбрани пеналот на Ламела. Во уште ден меч Лестер и Саутемптон одиграа меч без голови (0:0).















