Пеп се плаши, повреден му е еден од најдобрите


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Пеп Гвардиола има проблем после мечот со Свонси во рамките на Премиер лигата.

    10 од 10.

    Тоа е учинокот на Пеп Гвардиола откако седна на клупата на Манчестер Сити, победи во сите натпревари и многумина и не гледаат крај на оваа серија.

    Сепак, можеби во наредните неколку ќе мора да игра без еден од најдобрите од почетокот на сезоната.

    Се работи за повредениот Кевин Де Брујн, како што истакна Гвардиола после мечот со Свонси денеска на Ливерти кој Сити го реши во своја корист со резултат 3:1.

    Де Брујн на девет минути до крајот на мечот мораше да излезе од терен.

    „Мислам дека е повреден. Вечерва одиме во Манчестер,  а утре докторите ќе дадат своја прогноза. Тој ние многу важен“, рече Гвардиола.