Перез во „тесно“: Нејмар постави неколку услови до Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез сака да го купи најскапиот фудбалер во светот, Нејмар, но засега не успеа во своите намери, па во најновите разговори добил неколку услови од Бразилецот.

Нејмар разговарал неколку пати со Перез за преселба во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“, па наводно му поставил дури пет услов, кои ќе мора да ги исполни ако го сака во клубот.

Бразилецот сака Реал Мадрид да се ослободи од дури четири фудбалери, меѓу кои се Лука Модриќ, Рафаел Варан, Марко Асенсио и Герет Бејл, што делува многу нереално во моментов.

Петтото барање на Нејмар е нов тренер, зашто не сака да соработува со Сантијаго Солари, кој не се покажа досега во „кралскиот клуб“, па пред Перез претставил тројца предводници со кои би можел да соработува без проблеми.

На таа листа, според „Дон Балон“, се Јоаким Лев, Јирген Клоп и Маурицио Покетино, а Аргентинецот наводно е главен фаворит за нов стратег на „кралевите“.