Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Актуелниот европски и светски клупски шампион, Реал Мадрид се соочува со катастрофални разултати и очајна сезона, па очигледно претседателот на „кралевите“ одлучи да ги земе работите во свои раце.
Флорентино Перез на крајот на сезоната планира да направи целосно реновирање на тимот, а исто така сака да вложи 500 милиони фунти на три фудбалери.
Според медиумите, Реал има намера да понуди по 200 милиони фунти за Азар и Кејн, а за Де Геа планира да одвои 100 милиони фунти и така би го освежил актуелниот шампион на Шпанија.
На Реал Мадрид му останува уште битката за одбрана на титулата во Лигата на Шампиони во оваа сезона додека битките во купот и лигата се изгубени.