Перез имал состанок со новиот тренер на Реал Мадрид!? (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид се наоѓа во тешка ситуација, откако ја загуби борбата на сите фронтови за трофеите, па во моментов се бара наследник за тренерот Сантијаго Солари, кој не ги исполни очекувањата и ги разочара фановите.

Најновото име кое се поврзуваше во претходните денови со „кралевите“ е селекторот на Камерун, Кларенс Сидорф. Легендарниот Холанѓанец бил забележан на вечера со претседателот на Реал, Флорентино Перез.

Сидорф минатата недела бил во Мадрид, открива „АС“, на мечот со Ајакс, па разговарал со претседателот. По состанокот, кој очигледно поминал во најдобар ред, бил додаден на листата со кандидати, кои би можеле да го преземат кормилото на клубот.

Легендарниот фудбалер настапуваше за Реал од 1996 до 199 година, а управата го почитува поради лидерската харизма и репутацијата меѓу навивачите.

Сидорф има тренерско искуство од Шпанија, каде што го водеше Депортиво на 16 натпревари. Иако не успеа да ги спаси од испаѓање од Ла Лига, сепак фудбалерите и управата на тимот го почитуваат.

Солари најверојатно ќе добие отказ во понеделник, па Реал ќе треба да го предводи некој до крајот на сезоната без нови потреси, а како идеален кандидат се споменува токму Сидорф.