Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Реал Мадрид планира да ангажира уште еден напаѓач, а според „Мундо Депортиво“ станува збор за Пабло Сарабија и ќе се обиде да го ангажира што е можно побрзо.
„Кралевите“ би требало да платат 16 милиони евра за квалитетниот напаѓач, кој одигра 16 натпревари сезонава и притоа постигна шест гола.
Сарабија е само уште една желба на тренерот Сантијаго Солари, па останува да видиме дали претседателот на Реал, Флорентино Перез ќе плати „ситна“ сума за споменатиот фудбалер.