Перез пресече по новиот кикс, Зидан заминува го менува познат тренер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа забележа нов лош резултат откако ремизираше кај Селта Виго (2:2) со што разликата со Барселона сега е на огромни 16 поени.

Јасно е дека во Мадрид не цутат рози, а медиумите повторно лицитираат со имиња кои би го замениле Зидан кој наводно ги брои последните денови во „кралскиот клуб“. Без оглед на најуспешната 2017 година, кога Реал освои се што може да се освои, Флорентино Перез веќе е во потрага по нов тренер за неговиот тим.

Во игра за наследник на Зидан има повеќе имиња, но претседателот на „Кралевите“ како прва желба го посакува тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Германецот тешко дека ќе освои некој трофеј со Ливерпул оваа сезона, а по заминувањето на Кутињо тоа ќе биде уште потешко во иднина, па можеби би прифатил да оди едно скалило погоре во кариерата и ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид.

Уште еден Германец се споменува како наследник на Зидан. Станува збор за Јоаким Лев, актуелниот селектор на репрезентацијата на Германија.