До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Победа на фаворитите во мечевите од Премиер лигата кои почнаа од 16 часот.
Денеска најубиствен беше Ливерпул.
Тие со убедливи 5:1 славеа победа против Хал со два гола на Милнер од пенал, Кутињо, Мане и Лалана, додека на другата страна Мејлер беше единствен стрелец за Хал.
Да напомене дека Хал беше ослабен со неиграњето на Елмохамади од 17 минута поради црвен картон.
Се играше 17 минута кога Лалана го постигна првиот гол на мечот, а веќе после голот на Милнер се беше познато бидејќи Ливерпул имаше 2:0 и играч повеќе, а покрај тоа, играше добро.
Се играше 36 минута кога се беше познато, Мане после асистенција на Лалана успеа да ја испрати топката во спротивниот агол на Хал, а на почетокот на второто полувреме гостите стигнаа до утешен гол преку Мејлер.
Кутињо и Милнер се до крајот на натпреварот ја зголемија предноста и го поставија конечниот резултат од 5:1.
Манчестер Сити со головите на Агуеро (2) и Стерлинг успеа да слави со 3:1 на гостувањето кај Свонси. Единствениот гол за домаќините го постигна Љоренте во 13 минута.
Славеа и Спарси и тоа со головите на Сон во 7 и 23 минута, а на другата страна Гибсон беше единствен стрелец за Милдзборо во 65 минута.
Прва победа во првенството за малку да забележеше и Стоук кој со голот на Ален водеше против ВБА се до 90 минута, а тогаш Саломон Рондон израмни. За разлика од нив, победа славеше Бурнмут кој со резултат 1:0 славеше против Евертон со голот на Станислав.
Интересен натпревар одиграа Сандерленд и Кристал Палас. Џермејн Дефо покажа дека се наоѓа во одлична форма, со два гола го доведе Сандерленд во предност, но гостите направија голем пресврт.
Ледли и Мекартур ирамнија, а голема победа на гостите донесе во 5 минута од продолжението Кристијан Бентеке.















