Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Навивачите на Арсенал може да бидат задоволни по денешното издание на момците на Унаи Емери откако со убедливи 5:1 беше совладан францускиот гигант, ПСЖ.
„Топчиите“ денес беа на неверојатно високо ниво и потсетија на оној Арсенал од славните денови кога дресот на клубот го носеа Анри, Беркамп, Виера…
Рака на срце, тимот на ПСЖ играше со значително помлад состав, но тоа не ја оспорува одличната игра на Арсенал.
Озил го отвори резултатот во 13. минута, а тој резултат беше на сила се до 60. минута кога почна вистинската голеада. Нкунку најпрво од пенал изедначи на 1:1, Лаказет во 67. минута зголеми на 2:1, а истиот играч по само четири минути постигна и втор гол за зголемување на предноста.
Роб Холдинг во 88. минута постигна гол за 4:1, а конечниот резултат го постави Нкетиах во 94. минута.