Петчасовно задоволство со видео игри и инкасирани 20 милиони годишно: На Озил фудбалот речиси и не му е важен повеќе…?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Арсенал игра убаво и над очекувањата. Унаи Емери успеа за кратко време да ги постави темелите на новиот Арсенал кој нема многу врска со оној на Венгер и да ги пронајде вистинските улоги во тимот за повеќето фудбалери.

Еден од ретките кои кај Емери не напредувал, туку полека оди назад е Месјут Озил. Вториот најплатен играч во Премиер лигата се помалку е важен за играта на Арсенал, а се чини дека ниту Емери не би имал ништо против да му го види грбот. Засега, единствениот грв кој Озил му го нуди на Емери е повреден.

Поради повредниот грб, Озил е надвор од теренот веќе еден месец и прашање е кога повторно ќе заигра. Тренерот Емери неодамна прилично ладнокрвно им одговори на новинарите дека „Озил закрепнува индивидуално и дека не знае кога ќе биде подготвен“. Делуваше како да не му е претерано важно за Германецот.

Додека трае низата на Арсенал од 20 натпревари без пораз, Озил ужива во видео игрите. И не само што ужива, туку потполно е опседнат. Во прашање е популарната игра Фортнајт, а на интернет лесно е достапно да се види колку играчот вложува време играјќи ја оваа игра. Островските таблоиди открија дека Озил одиграл 5.221 партии во одреден период и дека дневно во просек минута пет часа играјќи Фортнајт.

Германските медиуми дури прашаа и угледни лекари како ова може да влијае на Озил и добија одговор дека во прашање е зависност и дека пет часа играње на видео игри дневно влијае и на периодот на закрепнување и враќање на теренот. Како и дека повредата на грбот би можела да стане полоша од постојаното седење.

Сега е јасно зошто Емери не е преголем оптимисит по повод закрепнувањето на Озил на теренот. Истовремено, Германецот инкасира фараонски 350.000 фунти неделно. На годишно ниво преку 20 милиони евра. А договорот му трае до 2021. година. Само Алексис Санчез е поплатен играч во Премиер лигата од него.