Плејмејкер на Атланта ќе заработи 70 милиони долари


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Плејмејкерот на Атланта, Денис Шредер потпиша со клубот нов 4-годишен договор.

    Договорот ќе започне од 2017/18.

    Според медиумите, 23 годишниот играч ќе заработува по 15.5 милиони долари по сезона, а уште 8 би можел да добие од голем број бонуси.

    Вкупниот износ изнесува 70 милиони долари.

    Германецот во 2013-та година беше 17-ти пик на Атланта во НБА драфтот, а пред доаѓањето во најсилната лига играше за Брауншвајг.

    Шредер минатата сезона одигра 80 натпревари и имаше 11 поени, 4.4 асистенции и 2.2 скокови во просек.